ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Млечната индустрија да не прави притисок врз кооперантите за да се намали цената на суровото млеко што го продаваат земјоделците

March 10, 2023 11:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека очекува сите компании опфатени со замрзнувањето на цените на тестенините и млечните производи да ја почитуваат одлуката и да ги поевтинат производите како што е предвидено. Во спротивно, најави, ќе следат нови одлуки.

Бектеши посебно упати апел до фирмите од млечната индустрија – да не направат притисок врз кооперантите за тие да им ги намалат цените на земјоделците кои продават сурово млеко.

Како што посочи министерот, направени се прецизни анализи. Простор за намалување на цените има, без компаниите да бидат во загуба.

-Очекувам од 16 март сите да постапуваат согласно оваа одлука. Сите до тогаш треба да ги намалат цените, а ние до крајот на идната недела ќе ги анализираме детално и другите производи. Ако не се забележи намалување на цените, ќе следат нови одлуки. Ова не е закана, туку одговорно однесување на Влада во време на криза и затоа очекуваме целосна поддршка и солидарност од стопанствениците за кризата да не биде на грбот на потрошувачите. Млечните производи се со 10 отсто маржа што значи дека 20 проценти имале простор во утврдување на цените и на домашните и на увезените производи, а ние одлучивме половина од тој простор да го намалиме на 10 отсто, да се намалат нивните профити, а не да ги ставиме во заблуда и да имаат загуби, рече Бектеши на прес-конференцијата во Владата откако заедно со премиерот Димитар Ковачевски соопштија дека се замрзнуваат цените на тестенините и млечните производи.

Тој објасни и зошто е донесена одлуката за тестенините, посебно осврнувајќи се на макароните кои 100-процентно се увезуваат зашто домашно производство нема.

-Во делот на макароните е направена детална анализа. Со постоечките царински давачки цената на макароните кои покриваат преку 70 отсто од пазарот би била 49,3 денари. Сега, со најновата одлука, оваа цена треба да е максимум 41,8 денари или за седум, осум до девет денари директно намалување само од укинувањето на царинските давачки, но очекуваме цените да одат уште неколку денари надолу заради утврдените маржи. Одлуката влегува во сила од 16 март, од наредната недела, за да им се даде простор на сите компании и увозници да ги сменат сите договори со кооперантите и трговците на мало, потенцира министерот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БектешиекономијаМлечна индустрија

НАЈНОВО

Гувернерот на Банката на Франција со капче „Да ја направиме Европа повторно голема“

July 5, 2025
Скриншот

Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

July 5, 2025
Фотомонтажа: Коалиција Маргини

Коалиција Маргини: Репродукција или казна – Како власта ни ја дисциплинира иднината

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk