ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Ковачевски на средба со членови на Кнесетот на Израел: Владата има интерес за интензивирање и зајакнување на соработката со земјите од Блискиот Исток

March 10, 2023 12:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со делегација од Кнесетот на Државата Израел во состав: Хамад Амар, претседател на парламентарната групата за пријателство и соработка меѓу Државата Израел и Република Северна Македонија, Тсега Мелаку, член на парламентарната група и Дор Каидар, координатор за меѓународна соработка на Кнесетот, во придружба на амбасадорката на Израел во земјава, Симона Франкел.

На состанокот е констатирано дека Република Северна Македонија и Израел имаат блиски пријателски односи, базирани на меѓусебно разбирање, при што е изразена заедничка определба за натамошно унапредување на билатералните односи во повеќе области, меѓу кои ИТ секторот и безбедноста, економијата, туризмот, земјоделството.

Претставниците од Кнесетот на Државата Израел ги поздравија политиките на дијалог и разбирање, преку коишто Република Северна Македонија гради Едно општество за сите граѓани на домашен план и ги развива односите со соседите во регионот, што е во функција на одржувањето на мирот и стабилноста во Европа и светот.

Премиерот Ковачевски нагласи дека Република Северна Македонија се развива како достоинствена членка на НАТО и држава којашто е насочена кон следниот исчекор во европските интеграции, како успешна функционална мултиетничка демократија, со отвореност за соработка и со сите пријателски држави.

„Покрај стратешките приоритети на нашата надворешна политика, членството во НАТО и ЕУ, Владата има интерес за интензивирање и зајакнување на соработката земјите од Блискиот Исток во сите области од взаемна полза”, рече премиерот Ковачевски.

На средбата е истакнато дека Северна Македонија, како земја членка на НАТО и активен учесник во меѓународната коалиција, којашто силно ја осудува руската воена агресија врз Украина, како и други земји од регионот и пошироко е изложена на различни хибридни и сајбер-напади, што упатува на соработка и размена на експертиза со странските земји, вклучително и со Израел во областа на сајбер безбедноста и отпорноста.

Во таа насока е оценето дека билатералниот договор меѓу владите на Северна Македонија и Израел за електронски комуникации и поштенски услуги, потпишан во февруари оваа година, обезбедува солидна, правна основа за натамошно проширување на односите во различни полиња од заеднички интерес.

На состанокот е заеднички изразена осуда на сите форми на тероризам, при што премиерот Ковачевски рече дека за сите безбедносни прашања во Европа, Блискиот Исток и регионот на Персискиот Залив, Северна Македонија е усогласена со позицијата на ЕУ и ги координира своите политики во рамките на ЕУ и со партнерите во НАТО, особено со САД, како и дека во таа насока нашата држава поддржува трајно решение за Блискиот Исток што ќе обезбеди мир и трајна безбедност на Израел.

„Силно ги осудуваме сите форми на антисемитизам, негирање на Холокаустот и поврзаните искривени толкувања”, рече премиерот Ковачевски.

Владата на Република Северна Македонија, како што додаде премиерот Ковачевски, посветува големо значење на Еврејската заедница во нашата земја, која е многу почитувана – и во претстојниот период, во контекст на предвидената дебата за уставните измени, премиерот Ковачевски ќе предложи вклучување и на Евреите во Уставот на Република Северна Македонија, што се надева ќе биде широко прифатено од сите политички субјекти во земјата.

Премиерот Ковачевски соопшти дека оваа година, под покровителство на Владата, се одржуваат повеќе настани со коишто се одбележуваат 80 години од ужасните 11-ти и 12-ти март 1943 година, кога 7.144 Евреи од земјава биле депортирани во логорот на смртта во Треблинка.

При тоа, заеднички е констатирано дека памтењето и учењето од минатото е важно за иднината на секоја земја и во таа насока има значење и во добрите односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Блиски ИстокВладаизраелКнесет

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk