Тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу премиерот Димитар Ковачевски и Ричард Нефју, глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент беа актуелната состојба поврзана со борбата против корупција и мерките и активностите кои Владата ги презема во насока на системски решенија за справување со корупцијата на секое ниво, вклучувајќи ја и високата корупција,
На средбата, говорниците заеднички констатираа дека напорите кои се вложуваат во борбата со корупција се основната алатка за градење на довербата на граѓаните во институциите. Во таа насока од клучно значење е градењето на капацитетите во областа на владеењето на правото и правната држава, информираат од владината служба.
-Премиерот Ковачевски се заблагодари на целокупната поддршка и соработка која благодарение на блиското стратешко партнерство со САД, се реализира во Северна Македонија. Поддршката е круцијална во воспоставувањето на ефикасен систем за елиминирање на конфликтот на интереси, како и за превенција на корупција, истакнаа од Владата.