Полициски службеници од криминалистичката полиција при битолскиот СВР вчера во Битола го лишиле од слобода 29-годишниот битолчанец 3.Б.
Како што денеска информираа од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.