Речиси 3.25 милиони влезници се продадени за натпреварите на Олимписките игри во Париз по првата фаза од продажбата која почна пред повеќе од еден месец што Организацискиот одбор го оцени како голем успех и покрај критиките дека цените на билетите се превисоки.
Оваа прва фаза беше пуштена во продажба во пакети од најмалку три, а најмногу 30 билети, што е речиси третина од вкупниот број од 10.5 милиони влезници за Олимписките игри во 2024 година.
Од оваа бројка од 3.25 милиони влезници, 13 отсто се продадени по цена од 24 евра, 70 отсто по цена пониска од 100 евра и 4.5 отсто по цена повисока од 200 евра, наведоа организаторите.
Две третини од купците се Французи, а меѓу купците се застапени вкупно 158 држави.
Набрзо откако на 15 февруари почна првата фаза од продажбата на влезниците се појавија критики, особено на социјалните мрежи, дека дел од влезниците се прескапи, како на пример билетите од 690 евра за вечерната програма во атлетика