Четири германски аеродроми в понеделник ќе работат со намален капацитет, а 351 лет ќе бидат откажани поради планираниот 24-часовен прекин на работата на персоналот задолжен за безбедносната контрола, соопшти денеска синдикатот Верди.
Очекуваме подолги чекања и откажувања на летови, велат од синдикатот, кој апелира за поддршка на нивните барања за повисоки плати и подобри работни услови.
Ќе бидат откажани 351 лет од Берлин, Бремен, Хамбург и Хановер, што ќе влијае на речиси 100.000 патници, соопшти здружението на аеродроми АДВ. Неговиот главен извршен директор, Ралф Бејзел, ја осуди „злоупотребата“ на синдикатот бидејќи аеродромите едвај закрепнуваат од „најдлабоката криза во авијацијата“.
Синдикатот Верди вели дека „да се работи 24 часа дневно, седум дена во неделата, негативно се одразува на семејниот живот“: „Условите за работа мора да станат поприфатливи за да може доволно луѓе да се занимаваат со оваа работа“.
Г.Т.