Владата предводена од СДСМ започнува историска инвестиција во патната инфраструктура, се вели во партиското соопштение.
На Коридорот 8 и Коридорот 10 д ќе се градат повеќе патни правци со вкупна должина од 110 километри.
Станува збор за инвестиција од 1,3 милијарди евра која ќе се реализира преку Договорот потпишан со конзорциумот Бехтел и Енка.
Од вкупната инвестиција, 51 отсто или 650 милиони евра ќе завршат директно кај домашните градежни компании кои ќе учествуваат во проектот кој треба да се реализира во следните пет години.
Освен подобро поврзување на градовите и нашата држава со соседните земји, оваа историска инвестиција значително ќе влијае врз економскиот раст и ликвидноста и конкурентноста на домашната економија.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и развој и подобар квалитет на живот за сите граѓани.