„Една и пол година градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не реализираа ниту еден капитален проект, не изнајдоа никакво решение за унапредување на квалитетот на живот. Граѓаните на десетици општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ добија поскапи комунални услуги, а сега Град Скопје, Охрид, Ресен и Кочани се единиците на локалната самоуправа кои бараат драстично зголемување на цената на водата“, порачаа од СДСМ.
„Распинички и нетранспарентно, големи и финансиски стабилни општини како Аеродром, Прилеп, Гази Баба и Бутел планираат да ги задолжат своите граѓани со општински обврзници за кои никој не знае како ќе се потрошат парите од таквите задолжувања.
Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и оваа година ќе потрошат милиони евра за времени вработувања на партиски кадри во општините.
Општина Гази Баба ќе потроши над 220.000 евра за времени вработувања, општина Аеродорм ќе потроши скоро 90.000 евра, милиони денари за вработувања ќе потрошат и општините Кочани, Илинден, Велес…
Ете тоа е учинокот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата третина од нивниот мандат.
Ништо не се менува во Белиот дворец, партијата предводена од Христијан Мицкоски се грижи само за личните и бизнис интереси на поединци, додека ги игнорира потребите на граѓаните“, велат оттаму.