ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Сојузот на средношколци до Собранието ќе поднесе Предлог за измени и дополнување на Законот за средно образование

March 13, 2023 13:24
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) денеска во Собранието ќе поднесе Предлог за измени и дополнување на Законот за средно образование, во членот што се однесува на правото на превоз на учениците, со кој бараат бесплатниот превоз да важи и за средношколците од приватните училишта и за учениците со попреченост од државните училишта.

Сојузот денеска промовираше видео со анкета од ученици од приватни училишта кои немаат право на бесплатен превоз и сметаат дека се дискриминирани, посочувајќи дека и нивните родители се даночни обврзници на државава, а има и ученици кои студираат приватно со стипендија. Во анкетата тие истакнуваат дека имаат потреба од превоз до и од училиштето, како и за воннаставни активности, исто како и учениците од јавните средни училишта.

Претседателот на ССРСМ, Лука Павиќевиќ соопшти дека се работи за околу две илјади од вкупно 71 илјада средношколци во државава и информираше за сите активности што ги презеле во остварувањето на оваа цел во изминатата година, вклучително и средби со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и вицепремиерката Славица Грковска, како и со претставници на Клубот на млади пратеници.

Рој рече дека Предлогот за измени на Законот ќе го достават до сите пратенички групи и очекува пратениците да го поддржат. Предлогот не се однесува само на приватните училишта, туку со него се бара бесплатниот превоз да важи и за средношколците со посебни образовни потреби сместени во државните домови, како за учениците што живеат на помалку од два и пол километри од училиштето.

Панде Ефтимов, претставник на Младинскиот образовен форум (МОФ) и активист за правата на учениците со попреченост од средните училишта рече дека со сегашното законско решение тие се дискриминирани и во јавниот транспорт и дека имаат право да бидат рамноправни со нивните врсници.

Според него, на учениците со оштетен вид и слух веќе им е доволно тешко во секојдневното живеење и овој закон многу ќе им ја олесни пристапноста кон образованието.

Исто така, со предлогот се бара јавниот превоз да биде бесплатен и налето зашто учениците од државните стручни училишта имаат феријална пракса за време на летниот и на зимскиот распуст.

– Според сегашниот закон, иако одат на пракса да работат како дел од дуалното образование, тие својот превоз го плаќаат, рече Павиќевиќ.

Измените што ги предлагаат, додаде, се ажурирани и креирани со тоа што се внесени сите конструктивни забелешки од претставници со кои имале средба, и дека со предлогот правото на бесплатен превоз ќе стане универзално за средношколците.

– Овој закон предвидува крај на дискриминацијата врз основа на растојанието од домот како и на типот на училиштето – државно или приватно. Понатаму, се обезбедува превоз и за учениците кои посетуваат феријална пракса за време на распустите, а се гарантираат и правата на учениците со попреченост. Законот овозможува превозот да стане праведен за сите средношколци во нашата земја, додаде претседателот на ССРСМ.

Соопшти дека ако предлог-законот не биде усвоен во Парламентот за најмногу два месеца, Сојузот на средношколци ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за тој да ја оцени уставноста на сегашните одредби.

Во 2022 беше обезбеден бесплатен превоз за време на летниот распуст за учениците од државните средни училишта – и за гимназијалци и за ученици од средно стручно, што било издејствувано со мерка консензуално донесена од Советот на Град Скопје.

-Таа мерка беше ад хок и буџетска само за 2022 година. Правото не им се даде на учениците од приватните училишта и на учениците со попреченост, додаде Павиќевиќ.

Tags: превозСобраниесредношколци
Next Post

Астрономите пронајдоа огромен облак од вода кој лебди во длабоката вселена

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk