Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на предизборен митинг во Плевен изјави дека се откажува од своите шанси да стане премиер.
Според последните анкети, 25-27 отсто од гласачите ја поддржуваат ГЕРБ – бројка слична на оние што ја поддржуваат проевропската коалиција на десниот центар меѓу „Продолжуваме со промените“ и Демократска Бугарија (ПП-ДБ), пишува „Нова“.
Анализите покажуваат дека единствената опција за создавање стабилна влада е коалицијата меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, но политичкото наследство на Борисов останува најголемата пречка.
Со оглед на ваквиот распоред на силите изгледа се поочигледно дека партијата ГЕРБ е пратена на „хемиско чистење” за да и се овозможи да биде дел од владејачката коалиција по изборите на 2 април. Покрај високата поддршка од гласачите, ГЕРБ е пожелен во новата владина коалиција и поради нивната прозападна ориентација што не е случај со многу други партии во Бугарија вклучително и социјалистите кои не можат да се ослободат од руските хипотеки. Сепак ГЕРБ е тешко прифатлив со Борисов и неговите пријатели вмешани во многу корупциски скандали.