Денеска со почеток во 11:30 часот, во ЕУ Инфо Центарот, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе учествува на трибина со млади, на која ќе се дискутираат заклучоците на проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес” кои ги изработи Институтот за добро управување и евроантлантски перспективи.
Пред почетокот на трибината предвидени се изјави за медиуми со почеток во 11:30 часот.
Трибината ќе започне во 12 часот и истата ќе биде стримувана на Фејсбук страната на вицепремиерот Битиќи со почеток во 12:00 часот.