„Имаме магија која ниту се продава, ниту се купува“, вели директорката на Македонската филхармонија, Тина Иванова.
Во интервју за „Независен“ таа нагласува дека задача на Филхармонијата е да биде двигател на музичката уметност во Македонија, да едуцира и да задоволува уметнички потреби.
Извонредната концертна сала овозможува да се остварат тие задачи. Но, за уште поголеми дострели се потребни дополнителни пари, особено за купување на многу поквалитетни инструменти од кои многу зависи звукот на оркестарот, но и за ангажирање дополнителни музичари.
Иванова зборува и за акустиката на салата, заголемата соработка со гости од странство, како диригенти, така и солисти, за комплицираниот проект да се набават оргули, за конципирањето на репертоарот, а и за тоа зошто Филхармонијата стана главно место за културата во Скопје. И како двете многу скапи концертни пијана „Стенвеј“ ги чуваат како зеница во окото.
Целото интервју на следниот линк!