Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џон Кирби, во денешното интервју за Си-Ен-Ен рече дека извидничкиот воен дрон MQ-9 Reaper не е извлечен од дното на Црното Море по вчерашниот инцидент, додавајќи дека е можно никогаш да не биде извлечен.
„Не сум сигурен дека ќе можеме да го извлечеме. Морето е многу, многу длабоко на локацијата на која падна. И натаму се обидуваме да процениме дали е можно да направиме каква било операција за извлекување, но тоа можеби е невозможна мисија. Направивме се што можевме за да ја минимизираме вредноста на разузнавачките информации до кои би можел да дојде некој што ќе го пронајде тој дрон“, додаде Кирби