fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Тони Китановски и Димитри од Чаир со нов проект настапуваат вечерва во Бруталиск

March 15, 2023 15:55
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските џез и хип-хоп легенди Тони Китановски и Димитри од Чаир вечерва во Бруталиск ќе го претстават својот нов проект на бесплатен целовечерен настап пред скопската публика. Насловен како „“Ентропија” материјалот се состои од инструментално солирање со светски препознатливата гитара на Китановски врз семплови од познати музички стандарди на тапани подготвени од славниот Чаирчанец Димитар, а настапот започнува во 21 часот на бул. Илинден 38А.

Кога говориме за ентропија како научен поим, тогаш асоцијацијата е наизменичност, спротивставување на два елементи, уништување на едниот со преоѓање во другиот или термодинамички хаос. Но, ентропија во музичка смисла е воздигнување на индивидуалните квалитети до момент кога две различности создаваат другарство  кое резултира со хармонија во својот краен облик. Така, џез гитарата како инструмент и хипнотизмот на хип хоп ритмиката, создаваат едно футуристичко електро фанк чувство кое е лесно асоцијативно со, денес популарната, општествена дистопија. Скопското  урбано музичко наследство во форма на грамофони и 6 жици, оваа среда во Бруталиск, ве очекува на ноќна импровизација со музиките стандарди. Само за сладокусците, оваа вечер, Тони Китановски и ДЏ Димитри од Чаир, различни и специфични во своите аудио афинитети, ќе имаат изведба на својот проект

Китановски и Димитри имаат долгогодишна креативна соработка, иако зад себе имаат долга листа на албуми, концертни настапи и соработки со други музичари. Димитри, покрај како вокал и текстописец на Чиста Околина и САФ, во својата биографија брои и соло ангажмани под името „Пики Сипи“, како и ДЏ настапи под псевдонимот „Димитри од Чаир“. Китановски е исклучително плоден џез „композитор кој свири гитара“ кој својата кариера ја започнува свирејќи за оркестарот на Драган Ѓаконовски – Шпато, а по дипломирањето на Беркли, во Скопје издава неколку свои албуми, но и создава неколку проекти со познати регионални и светски ѕвезди.

 

НАЈНОВО

Ковачевски: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

December 1, 2023

Костадиновска-Стојчевска: Ја усогласуваме законската регулатива, за подобра заштита на културното наследство

December 1, 2023

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа уставните измени, нека нема техничка влада и да одиме на избори

December 1, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Македонски медиуми снесле јајце со ликот на Лавров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Њујорк Тајмс“: Израелските власти знаеле за планот за напад на Хамас една година порано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невиден срам за „медиумските ловорики“ по пресот на Лавров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лавров, седнат на бајонет, цинично и бездушно расправа за „колективниот Запад“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три дена не се собира сметот од контејнерите во Тетово-продолжува штрајкот на комуналните работници поради неисплатени плати и придонеси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk