„СДСМ ги остварува своите ветувања дадени пред граѓаните. Од овој месец минималната плата ќе изнесува 20.175 денари за сите вработени, со што една и пол година пред предвиденото, го реализираме ветувањето дадено во 2020 година, за минимална плата од 20.000 денари“, сподели денеска пратеничката Санела Шкријељ.
„Пред само неколку години, во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесуваше 8.800 денари.
Тогаш, околу 90.000 работници во текстилната, чевларската и кожната индустрија беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум.
ВМРО-ДПМНЕ цела деценија ги манипулираше работниците и пред светот ги прикажуваше како евтина работна сила“, истакна тој.