ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ДЗС: Реализирани 52% од планираните активности за реформа на администрацијата

March 16, 2023 13:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Перманентно одложување на носење нови клучни закони, пролонгирање на процесот на реорганизација на државните органи, нецелосна реализацијата на планираните активности и недоволни кадровски капацитети, покажува конечниот извештај од извршената ревизија на успешност „Реформа во јавната администрација“ што денеска го објави Државниот завод за ревизија.

Имајќи предвид дека согласно новата Методологија за пристапување кон ЕУ, реформата на јавната администрација е област која е дел од преговарачкиот процес во рамките на Кластерот – Фундаментални вредности, Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Реформа на јавната администрација“, со цел да се даде одговор на прашањето: ,,Дали преземените активности од надлежните институции обезбедуваат ефикасно спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022”.

Со ревизијата, како што е наведено во соопштението од ДЗР, констатирано е дека роковите за донесување на клучните закони за спроведување на реформи во јавната администрација континуирано се одложуваат. Постапката за донесување на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници и Законот за високо раководна служба е отпочната во 2019 година и истата се уште трае.

Во извештајот е нотирано и честото именување на вршители на должност – в.д директори. – Во периодот од 2018 до 2021 година, 52 отсто од вкупниот број на именувани раководни лица се в.д. директори или нивни заменици, чиј избор е без објавување на јавен оглас, што влијае врз професионализацијата на високата раководна служба, доброто управување во институциите на јавниот сектор и ја намалува отчетноста на постапката на избор на раководни лица на институциите, се наведува во соопштението од ДЗР.

Ревизорите констатирале и отсуство на документација за начинот на планирање и изработка на стратегијата, од причина што истата не е дел од архивата на МИОА, а лицата кои управувале со овој процес не се повеќе вработени во МИОА, со што не се обезбедува институционална меморија за процесот.

-Донесен е ревидираниот акциски план за спроведување на стратегијата, со кој се извршени промени кај 33 отсто од планираните активностите, дефинирани се нови активности, вршени се промени во роковите на спроведување и на индикаторите за мерење на успешноста како и намалување на износот на планираните финансиски средства, се додава во соопштението.

Во однос на кадровските капацитети за исполнување на реформските цели, како што посочуваат од ДЗР, утврдени се чести промени, недоволна кадровска екипираност како и нецелосна реализација на надлежностите на телата одговорни за процесот на реформа и неефикасна вертикална и хоризонтална координација и комуникација на сите учесници во процесот.

-Советот за реформа на јавната администрација е највисоко политичко тело за координација на активностите. Во периодот од 2018 до 2022 година извршени се шест промени во неговиот составот, како последица од постојаните структурни промени во Владата, со одржани само седум состаноци за период од четири години, а од последната од јули 2021 година до крајот на 2022 година, повеќе од една и пол година, не е одржана нова седница, истакнуваат од ДЗР.

Оттаму додаваат дека вкупно планирани средства за спроведување на мерките од Стратегијата изнесуваат 1.802.140 илјади денари односно околу 30 милиони евра, при што најголемо учество од над 56 отсто се обезбедени од фондови и инструменти на ЕУ.

-Од вкупно 205 планирани активности реализирани се само 106 активности што претставува 52 отсто реализација, се наведува во извештајот.

Tags: ДЗРјавна администрацијареформи
Next Post

Cи-Ен-Ен: Украинците собориле дрон од кинеско производство на нивна територија

Shortcut

Најново

Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026
Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk