Петиција за разрешување на вицепремиерот, Артан Груби, и министрите во Владата од редовите на интегративците најавува „Огнената група“.
Оттаму најавуваат дека денес ќе стартува онлајн петиција со која ќе се бара разрешување.
Груби во интервју за косовската телевизија „Дукаѓини“ претходно изјави дека Македонија ќе има Албанец за премиер, но тој нема таква амбиција.
-Сакам да останам запаметен по изградбата на автопатот Скопје-Блаце и по воспоставувањето врска Скопје-Приштина-Тирана, порача Груби.