Нови пониски цени имаат трајното кравјо млеко со масленосто од 2,8, 3,2 и 3,5 урдата, кравјото и мешаното бело сирење, кравјиот кашкавал – со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан, киселото млеко, павлаката и јогуртот без додатоци.
Овие производи се намалуваат за 10 отсто од цените што се применувале на 1 март.
Казните за непочитување на мерките за намалување на цените согласно мерките се од 800 до 10 илјади евра.
Денеска инспекторите на Државниот пазарен инспекторат со полни раце работа ги чешлаат трговците. До попладнево не се пронајдени нерегуларности, а доколку бидат називите на фирмите кои не ги почитуваат владините мерки ќе бидат јавно објавени, најавија од ДПИ.
Претходно беше намалена и цената на лебот и ограничена на 33 денари. Откако големите произведувачи започнаа своевиден бојкот, десетици мали компании ги пробија своите производи за фантастично брз период и нивните пекарски производи се најдоа на рафтовите по маркетите и тоа белиот и полулеб бел некаде се продаваше и за помалку од 33 денари. По притисокот од конкуренцијата, и големите компании ги вратија своите продукти по ограничената цена на рафтовите по македонските маркети.
Покрај овие основни производи, во Министерството за економија се прават пресметки за списокот на замрзнати цени да биде проширен и со шеќерот, јајцата од кокошка и македонскиот ориз.
Цените на производите од прехранбената индустрија се очекува да продолжат да паѓаат, со оглед дека е забележан феномен на развој на конкуренција каде малите компании успеваат многу успешно да ги пробијат своите производи и без реклама бидејќи нудат пониски цени на своите продукти. Овој процес се очекува да се забрза во периодот што следува.
Владата во изминатиот период направи се да им помогне на компаниите кои добија и драстично поевтина струја, бидејќи дел од тоа плаќаше Владата, но голем процент.
Извор: Центар.мк