ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тренчевска во посета на Центарот за дневен претстој за стари лица во Чаир

March 16, 2023 11:56
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со секретарката на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска го посетија Центарот за дневен престој за стари лица во Чаир. Посетата беше направена во рамки на кампањата „Гласна и храбра” со цел промоција на економско зајакнување и ментално здравје на различни целни групи. Поголема социјализација, поврзување и подобрување на физичкото и менталното здравје е главна цел на социјалната услуга која се спроведува преку Центарот за дневен претстој за стари лица во општината Чаир во Скопје. Во моментов околу 30 лица од општината го посетуваат Центарот за дневен престој за стари лица во Чаир. Оваа социјална услуга е дел од социјалната реформа чија цел е креирање на услуги во локалните средини кои ќе одговорат на потребите на корисниците.

Тренчевска во својата посета посочи дека активниот начин на живот исполнет со зајакната социјализација позитивно влијае на физичкото и менталното здравје на лицата во третата доба. Таа истакна дека оваа социјална услуга е наменета токму за создавање можности за активно стареење, со што лицата во третата доба ќе добијат конкретни активности за подобрување на квалитетот на животот.

Социјалната услуга која е наменета за лицата од третата доба, а е достапна преку овој Дневен центар, е финансирана од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка од Светска банка, а е дел од сеопфатната социјална реформа во земјава. Освен за корисниците од ранливите категории, социјалната реформа нуди можност и за вработување кај давателите на услугите, а предност имаат баратели на работа од ранливите категории. Преку оваа услуга лицата на возраст од над 65 години можат секојдневно да го посетуваат Центарот, да се дружат со своите врсници, да организираат одредени социјални активности, а во текот на посетата добиваат асистенција од стручните лица кои ги спроведуваат активностите.

Tags: МТСПТренчевскаЦентар за дневен претстојЧаир
Next Post

Трајковски: Повеќе од 160 инспектори на терен, цените се намалени

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk