Амбасадата на Република Словенија во Скопје, Стопанската комора на Северна Македонија, Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Економскиот факултет од Универзитет во Љубљана (School of Economics and Business – SEB LU) денеска ќе организираат две панел-дискусии на тема: „Враќање и задржување на домашниот млад високообразован кадар од Република Словенија во Република Северна Македонија…и како“.
– Целта на настанот е изнаоѓање и понуда на перспектива за мотивација на студентите од Република Северна Македонија, коишто студираат во Република Словенија, по завршување на студиите да се вратат во земјата и да ја остварат својата професионална кариера во јавните институции и во словенечките компании кои се дел од бизнис-заедницата во Република Северна Македонија, соопштија организаторите на настанот.