Министерот за локална самоуправа во интервју за емсијата „Во центар” изјави дека со договорот за новите автопати Македонија има добиено најниска цена за изграден километар во регионот, особено ако се земе предвид разликата меѓу цената за изградба на автопат на рамен терен, наспроти цената во планински предел.
„Погледнете, таму кајшто е рамен патот, Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар, таму е цената многу ниска – цената ја качува „Гостват – Букојчани”, објасни министерот Пенов во интервјуто со Васко Ефтов.