Оливер Вархеји, евроамбасадор за проширување, по одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација во Скопје нагласи дека е важно државата да не забави, туку да ја забрза својата работа на реформите.
Најави забрзување на темпото на работата за пристап на земјата во ЕУ, но исто така нагласи дека треба „и Владата и Собранието да ја забрзаат работата на реформите“.
Побара поддршка од граѓаните, бидејќи како што кажа на Европа и треба ваквата поддршка.