Многу силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа околу вториот по големина град на Еквадор. Најмалку 12 лица загинаа, зградите беа оштетени, а жителите во паника излегоа на улиците.
Во државата Ел Оро повеќе луѓе останаа заробени под урнатините на станбена двокатна зграда. Пожарникарите се обидуваат да стигнат до луѓето блокирани под урнатините. На терен е и полицијата. Работата на спасувачите ја отежнува и тоа што во градот нема струја и телекомуникации бидејќи земјотресот ги урнал телекомуникациските и столбовите за струја.
Земјотресот ја погоди крајбрежната област Гуајас, а епицентарот беше на околу 80 километри јужно од Гвајакил, град со повеќе од три милиони жители. На Твитер се појави видео од моментот кога се случи земјотресот во градот.
#SISMO
Momento exacto cuando se produce el fuerte #temblor en la Plaza de San Francisco en #Guayaquil pic.twitter.com/b7HNnz1Lq1— Zoom Ec (@ZoomEcuador) March 18, 2023
Меѓу загинатите има и патник кој бил заглавен во автомобилот врз кого се урнала куќа. Уште три лица загинаа во крајбрежната држава Ел Оро, соопшти еквадорската агенција за вонредни состојби.
Во Гвајакил, кој се наоѓа на околу 270 километри југозападно од главниот град Кито, властите пријавија пукнатини на згради и куќи и уривање на ѕидови. Беше наредено затворање на три тунели.
#Earthquake Ecuador ? Daños importantes en #Machala pic.twitter.com/Ebzog75W37
— ?????????????? (@EarthquakeChil1) March 18, 2023
На социјалните мрежи се објавуваат снимки од луѓе кои излегле на улиците на Гвајакил и околните градови. Земјотресот бил почувствуван и во Перу.
?? | Daños en Cuenca, Ecuador, trás el sismo. pic.twitter.com/TDIsXfcIQE
— Mundo en Conflicto ? (@MundoEConflicto) March 18, 2023
Еквадор е земја која се наоѓа на трусно подрачје. Во 2016 година, земјотрес со епицентар посеверно од денешниот, на брегот на Тихиот Океан, кој погоди многу помалку населена област, загинаа повеќе од 600 луѓе.
Г. Т.