ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

ОН: Разорните климатски промени доаѓаат побрзо од очекуваното

March 20, 2023 18:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Разорните климатски промени се случуваат побрзо од очекуваното, а светот се движи кон границата на затоплување од 1,5 степени Целзиусови, што ќе ја достигне за нешто повеќе од десет години, објавија ОН. Температурите забележани во последните години во различни делови на светот предизвикаа бројни катастрофални бури и поплави, топлотни бранови кои ги уништија посевите и огромни суши.

Но, на генерациите што доаѓаат најтоплиот период од 2020-тите ќе го сметаат за релативно студен, дури и ако емисиите на фосилни горива што ја затоплуваат планетата брзо се намалуваат, се вели во извештајот на советодавниот панел на ОН за климата. „Резиме за креаторите на политики“ од 36 страници е синтеза на шест главни извештаи од 2018 година до денес, составени од Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC).

Извештајот е брутален потсетник дека, иако човештвото има алатки за да спречи климатска катастрофа, сè уште не ги користи овие алатки.

На почетокот на 2030-тите, светот би можел да ја достигне планираната цел да го ограничи зголемувањето на температурата до 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период, што ќе влијае на блиската иднина. Но, шефот на IPCC изјави дека верува оти не е доцна да се изменат работите и го нарече извештајот „порака на надеж“.

Имаме знаење и искуство, технологија, алатки, финансиски средства, всушност сè што е потребно за да се надминат климатските проблеми за кои сме свесни толку долго. Но, во моментов ни недостасува клучна работа – силна политичка волја еднаш засекогаш да ги решиме овие прашања, изјави Хоесунг Ли во видео интервју.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, реагирајќи на извештајот, истакна дека богатите земји кои се стремат кон јаглеродна неутралност во 2050 година или подоцна, треба да ги забрзаат своите цели и да ги реализираат најдоцна до 2040 година за да ја „деактивираат климатската темпирана бомба“.

Човештвото е на тенок мраз, а тој мраз брзо се топи, рече шефот на Обединетите нации во видео пораката откако експертската група на IPCC го објави својот најнов извештај. Гутереш го спореди со „водич за опстанок на човештвото“.

IPCC јасно посочи дека придобивките за општеството и светската економија од ограничувањето на глобалното затоплување под два степена Целзиусови ги надминува економските трошоци. Деветдневните преговори, кои се одржаа во Интерлакен, Швајцарија, ги обележаа несогласувања околу фосилните горива, убедливо најмоќниот двигател на глобалното затоплување.

Г. Т.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: глобално затоплувањеКлиматски промениОН

НАЈНОВО

Крмзов доби 30 дена притвор

June 10, 2025
Фото: Скриншот

Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм

June 9, 2025
Фото: Скриншот, Си-Би-Ес

(ВИДЕО) Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целиот екипаж на „селфи-јахтата“

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слабиот моќник на Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наместо мобилизација – брендирање. Наместо отпор – административна послушност.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk