ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Деспотовски го пречека Липински: Германија е нашиот најголем партнер и најголемиот инвеститор

March 21, 2023 10:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски оствари средба со Сојузниот министер за европски прашања, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински кој ја предводеше економската делегација од најголемата германска покраина во посета на земјава. Деспотовски на германските бизнисмени им ги презентираше можностите и предностите за инвестиции во земјава со фокус на зелени технологии, обновливи извори на енергија и напредни технологии.

„Германија е нашиот најголем партнер и најголемиот инвеститор во технолошко развојните зони со најголемата гринфилд инвестиција во земјава досега од речиси 200 милиони евра на германската фармацевтска компанија Гересхајмер. Со новиот паметен пристап успеавме да се наметнеме високо на мапата на инвестициски дестинација и веќе се ‘натпреваруваме’ со земји членки на ЕУ. Верувам дека ова е мотив, наскоро уште германски компании да станат дел од нашето семејство“, изјави Деспотовски.

Директорот на ТИРЗ, нагласи и дека предноста на Северна Македонија како мала земја е тоа што ги препознава потребите на инвеститорите и нуди флексибилниот пристап. Тој исто така посочи дека клучен адут во привлекувањето на странски инвестиции во контекст на глобалните случувања, е стабилноста гарантирана со членството во НАТО, како и предвидливата деловна клима, пристап до квалитетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги.

Министерот Лимински нагласи дека економската соработка и партнерство меѓу С.Македонија и СР Германија носи додадена вредност особено за младите луѓе во земјава преку можноста за работа во германските компании во Зоните од кои дел се од Северна Рајна Вестфалија. Лимински додаде и дека оваа средба е добра размена на научените лекции на патот кон ЕУ. На средбата се разговараше за можности за соработка и размена на искуствата во однос на инвестициските активности во двете земји. Дел од компаниите веќе изразија интерес за поконкретна соработка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГерманијаДеспотовскиЛипинскиТИРЗ

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk