ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Инженерска институција: Да ги мотивираме младите во развојот на инженерството за да бидат фронт во глобалниот иновациски натпревар

March 21, 2023 11:28
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ

Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија одбележа 103 години постоење со порака да се поттикнуваат и мотивираат младите во инженерските вештини, затоа што на тој начин стануваат дел од глобалната иновациска трка. На настанот на кој беше одбележана годишнината од формирањето на првото македонско здружение на инженери и архитекти на 21 март 1920 година, се обратија претседателката на инженерската институција на Македонија (ИМИ), Христина Спасевска, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир. Сите ја истакнаа потребата од поинтензивно вклучувањето на младите во инженерските науки за општиот напредок.

Претседателката на ИМИ, Христина Спасевска ја истакна потребата од учење на младите, создавање услови за препознатливост на професијата и барања за квалитетно работење.

„Да се стане инженер потребно е многу повеќе од разбирање на учебниците, потребна е аналитичност преточена во способност за решавање на проблеми. Да се биде инженер значи творење помеѓу сонот за изгледот на својот проект и неговата едноставност за вистинска употребна вредност. Да се постигне инженерско мајсторство треба, стекнатото искуство да се пренесе на помладите колеги, зашто без тоа, сè што си постигнал, па макар да си направил и грандиозни дела, низ времето ќе исчезнат. Токму затоа, ние денес сме овде да дадеме поттик на младите, инженерите и уметниците, за да нашите дела останат вечни. Мисијата на ИМИ е да ги поттикнува и мотивира младите во развојот на инженерството за да бидат фронт во глобалниот иновациски натпревар во светот, подобрувајќи го квалитетот и начинот на живеење, истакнување на нивните потреби за кариерен развој и подготовка за започнување на успешна професионална кариера”, изјави во обраќањето Спасевска.

Инженерите се движечката сила на општествата, без нив е незамислива благосостојбата и напредокот на државите. Според претседателот на државата Стево Пендаровски, со нив е поврзан технолошкиот развој и економскиот раст на една држава, кој преку телеграма се обрати до младите инженери и уметници.

„Да инвестираме во нив и да ги поддржуваме. Вие сте нашата, но и иднината на светот. Борете се за местото под сонцето и земете ја судбината во свои раце. Создавајте и градете модерен и технолошки напреден свет, но не заборавајте да бидете по мерка на човекот, секогаш имајќи ги на ум естетските и етичките норми”, порача Пендаровски.

Евроамбасадорот Гир ја истакна потребата од нов дисциплинарен пристап преку кој инженерите, архитектите и уметниците заеднички ќе делуваат, посочувајќи го како пример светски познатото движење Баухаус кое се појави токму пред 103 години кога Европа беше сред обнова по разорните ефекти на Првата светска војна.

„Сето ова значи развој на нови материјали и нови технолошки решенија за старите проблеми, а ова истовремено бара и инженерите, архитектите и уметниците да се здружат се со цел да го реализираат новиот зелен договор на Европската Унија. Темата на вечерашното одбележување е ‘Инженерството инспирација за младите уметници’, за што со нетрпение очекувам да ги видам и слушнам резултатите од оваа соработка помеѓу инженерите и уметниците, затоа што оваа е двонасочна улица, а двете професии можат да служат како инспирација едни за други”, дополни тој.

Со аудио-визуелни артистички елементи на инженерите и уметниците на настанот „Инженерството инспирација за младите уметници”, преку музиката на Влатко Стефановски и студентите од класата на проф. Дарко Багески од Факултетот за музичка уметност во Скопје, како и фотографиите на Ангел Ситновски и студентите од Факултетот за ликовни и Факултетот за драмски уметности во Скопје се означи нераскинливата врска помеѓу инженерството и уметноста.

Tags: ГодишнинаИнженерска институција
Next Post

Битиќи за ТВ Стар: Во 2023 ќе ја преполовиме инфлацијата, 2024 е година на закрепнување на економијата

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk