На територија на град Скопје изречени се вкупно 227 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека изречени се и 14 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за непрописно престројување и три мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се и пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возач почетник, три санкции за користење мобилен телефон за време на возење…