На холандските државни службеници наскоро повеќе нема да им биде дозволено да ја користат кинеската апликација ТикТок на нивните службени мобилни телефони, соопшти денеска холандското Министерство за внатрешни работи, откако слични одлуки донесоа неколку европски земји.
Холандското министерство соопшти дека ја обесхрабрува употребата на апликации од „земји со агресивна кибер програма насочена кон Холандија или холандски интереси“ на владините телефони.
Холандската разузнавачка служба АВИД минатиот месец ги наведе Кина, Русија, Иран и Северна Кореја како земји кои имаат таква агресивна кибер програма, што создава ризик за шпионски активности.