ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Од суштинска важност е да продолжи процесот на евроинтеграција во духот на вредностите на ЕУ

March 21, 2023 15:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, кога демократскиот свет е обединет во поддршката на Украина и враќањето на мирот, од суштинска важност е Европската Унија да ги зацврсти партнерствата со државите во светот, а на земјите кандидатки да им овозможи да го продолжат интегративниот пат во духот на вредностите на кои се темели ЕУ, порача денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска од првиот Безбедносно-одбранбен форум „Шуман“.

– Во време кога демократскиот свет е обединет во поддршката за Украина, во време кога се залагаме да победат демократските вредности и кога сме посветени на враќање на меѓународниот мир заснован на правила и норми, суштински важно е Европската Унија да ги зацврсти, но и унапреди партнерствата со државите во светот. Особено важно е на земјите кандидатки да им се овозможи да го продолжат процесот на европска интеграција во духот на вредностите на кои се темели Унијата, истакна Петровска.

Таа, како што соопшти Министерството за одбрана, ја нагласи и важноста на безбедносната агенда и здружувањето на капацитетите за постигнување повисоки цели во интерес на нациите.

– Во време на војна на европско тло, кога безбедноста се усложнува, зајакнувањето на партнерствата е клучната политичка алатка за да ги совладаме сегашните и идни предизвици и токму затоа безбедносната агенда е обединувачка платформа преку која ги здружуваме нашите капацитети во интерес на постигнување повисоки цел за сите нации, а не за поединци, изјави министерката.

Првиот форум „Шуман“ се одржува под мотото „Заедно посилни во нестабилен свет“, а е организиран под покровителство на високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел. Целта на овој Форум е да ја зацврсти соработката помеѓу релевантните глобални и регионални актери во областа на безбедноста и одбраната и да биде собир на кој се разговара за клучните безбедносни прашања и начините на зацврстување на меѓународниот мир и безбедност.

На Форумот учествуваат високи претставници од 27-те земји членки на Унијата и 45 партнерски држави, вклучително и над 20 министри за одбрана, како и претставници на меѓународни и регионални организации, како Обединетите Нации, НАТО, ОБСЕ, Африканската Унија, АСЕАН, Советот за соработка во Персискиот Залив и Лигата на арапските држави. Дел од Форумот се и голем број невладини и тинк-тенк организации, како и претставници на академската заедница.

Tags: ЕУПетровска
Next Post

Србија е единствената земја од регионот која не се усогласила со одлуките на ЕУ во однос на човековите права

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk