ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бочварски и Рустеми на увид на рехабилитација на патот Битола – Меџитлија

March 23, 2023 14:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Инвестираме преку милијарда евра за да изградиме квалитетни патишта, да ја развиеме економијата, на граѓаните да им овозможиме брз и безбеден сообраќај, а притоа земјата да ја поврземе преку модерни патишта во регионот, како показател дека сме силно фокусирани на европската перспектива, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната работна посета на Битола.

Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид во рехабилитација на државниот пат од Битола до граничниот премин Меџитлија.

Инвестицијата е со вредност од 202 милиони денари, се рехаблитра пат во должина од 12,5 километри, почнувајќи од граничниот премин Меџитлија.

Комплетната рехабилитација се очекува да заврши до крајот на летото оваа година.

„Децении наназад ги слушаме барањата на граѓаните и на бизнис секторот од овој регион за подобра инфраструктура. Денеска повеќе не зборуваме за алтернативни правци, говориме за патишта кои ја наметнуваат потребата да бидат модернизирани или пак да се изградат нови заради економски развој на Пелагонија. Овој патен правец од Битола до граничниот премин Меџитлија е токму таков. Инвестираме преку 200 милиони денари за овој патен правец да го издигнеме на ниво на модерен, безбеден и пред се пат кој ќе биде во функција на бизнисот и граѓаните од регионот. Ако земеме во предвид дека ова е пат кој не поврзува со Република Грција како единствена меѓународна патна врска во овој регион, тогаш значењето е уште поголемо бидејки истиот е дел и од европскиот Коридор 10 – д.“ – изјави министерот Бочварски.

„Во оваа прилика би сакал да споменам дека во битолскиот регион минатата година беше извршена рехабилитација на повеќе патни правци кои водат до населените места Нижополе, Ротино, Бучин, Житоше, Демир Хисар, а оваа година се предвидени рехабилитации и на патните правци што водат до Лопатица, Могила и Будаково. Веќе за идната година обезбедуваме средства за изградбата на експресниот пат Битола-Меџитлија со обиколница на Битола за кој веќе имаме одобрен инфраструктурен и ревидиран основен проект при тоа водејќи грижа и за животната средина. Имено, при изработката на проектните документации во годишната програма се предвидени средства и за изработка на физибилити студии и студии за животна средина.“ – истакна директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми.

Министерот Бочварски најави дека следниот месец во Пелагонискиот регион започнува најголемиот инфраструктурен проект, изградбата на автопатот Прилеп – Битола, со што инвестициите во овој регион надминуваат над 320 милиони евра.

Tags: Битола – МеџитлијаБочварскиРустеми
Next Post

Приведен криминалец баран со потерница

Shortcut

Најново

Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk