„Иако се уште има предизвици, драстично е сменета состојбата во унапредувањето на човековите права, особено на маргинализираните групи и на унапредувањето на родовата еднаквост. Ако иамвме ситуација каде што не беше дозволено да се користи терминологија, освен семејно насилство, сега зборуваме за родовобазирано насилство и насилство врз жената“ рече пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ во „24 анализа“ на ТВ24.
Таа додаде дека на состаноците со министри од ВМРО-ДПМНЕ, тие не сакале да го користат овие термини бидејќи се освен семејно насилство значело нарушување на традиционалните вредности.
„За децата со попреченост сме имале извештаи дека нема никаква поддршка во образовниот процес. Во овој извештај на Стејт департментот констатирано е дека немало доволно образовни асистенти, по што е постапено и бројот е зголемен. Имаме и измени во законот за услуга на лична асистенција. Се тоа се непостоечки услуги пред 2016 година“ рече Шкријељ.
Пратеничката додаде дека направени се значајни исчекори во подобрување на ситуацијата на човековите права за што потврдуваат сите организации кои ја следат состојбата.