МВР информира дека денеска во населба Гази Баба, Скопје, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Сектор за потраги го лишиле од слобода скопјанецот К.И.(34), баран по потерница.
-Тој бил баран по потерница врз основа на Наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, соопштуваат од МВР.