Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово вчера попладне го лишиле од слобода А.М.(27) од Куманово.
Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и предмети со остатоци од марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.