Во просториите на Центарот за социјално претприемништво, со почеток во 13.30 часот ќе се одржи дискусија на тема „Дискриминација сокриена во екранот – еднаква плата и вознемирување на Жени од ИТ“.
Дискусијата е организирана во рамките на кампањата која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика во текот на месец март со цел економско зајакнување и ментално здравје кај жените и девојките.
На дискусијата ќе се обратат:
* Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика
* Боро Јакимовски, декан на Факултетот за информатички науки и компјутерскo инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
* Бојан Кордалов, Комуниколог
* Деспина Жупан, сопственичка на маркетинг компанија