ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Независна пензионерка“ од унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ вербално го нападна премиерот Ковачевски

March 28, 2023 20:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Принтскрин: Фејсбук

Принтскрин: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Ликот на „независната пензионерка“, жената која денеска влезе во дуел со премиерот Димитар Ковачевски додека тој пазареше во еден од скопските маркети, се совпаѓа со ликот на корисничка на Фејсбук со име Ацка Станишева, која во моментов е на позиција претседателка на унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, објави 360 степени.

Фејсбук-профилот на Ацка Станишева, меѓу другото, изобилува со објави на кои таа е фотографирана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од фотографиите на кои е означена се објавени од актуелниот пратеник во Собранието од оваа партија, Тони Јаревски.

Принтскрин: Ацка Станишева – Фејсбук

На профилот на Станишева има и објави во кои таа бара поддршка за опозициската политичка партија.

Една од нив датира од 2 октомври 2021 година. Објавена е портретна фотографија од Станишева, а на неа пишува „Гласајте за број 7“ – редниот број на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ на гласачкото ливче за последните локални избори кои се одржаа на 17 октомври истата година.

Принтскрин: Ацка Станишева – Фејсбук

Името Ацка Станишева се споменува и во решението на Општина Карпош од февруари 2013 година во кое е објавен составот на избирачки одбори за локалните избори кои се одржаа во март таа година.

Станишева била избрана за членка на избрачки одбор како претставник на ВМРО-ДПМНЕ на избирачко место со број 2647.

Принтскрин: Службен гласник на Општина Карпош

Дополнителното интернет-пребарување на името Ацка Станишева не одведе и до статија на новинската агенција Ројтерс од 8 јули 2022 година насловена како „Протести го блокираа главниот град на Северна Македонија поради Бугарија и компромисот со ЕУ“. Статијата е објавена за време на масовните протести против т.н. француски предлог кои се одржаа во Скопје во јули минатата година.

Иницијатори на протестите беа опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Делот од сторијата на Ројтерс за антивладините протести во кој се споменува името на Станишева, гласи: „Против компромисниот договор е и демонстрантката Ацка Станишева, велејќи дека тоа не е европски, туку бугарски предлог. Владата не треба да го прифати овој предлог“, изјави Станишева за Ројтерс.

Приказната за „независната пензионерка“ ги преплави денешните информативни изданија откако на претходно најавен настан на премиерот Ковачевски, за цените на производите во маркетите, вербално му се спротивстави жена која во тоа време беше во истиот маркет. Премиерот сакаше пред медиумите да покаже дека се почитуваат одлуките за замрзнувањето на цените на одредени производи, но пензионерката му се пожали дека ограничувањата на цените се толку мали што не се ни забележувале, дека поради ниските примања граѓаните немаат пари за лекови и за основните трошоци.

Цениве се до плафон. Со поевтинување два денари кај макароните и денар кај јајцата кои беа 99 денари – тоа не е мерка. Тоа ли е поевтинување? Многу тежок дојде животот. Не можеме ниту лекарства да купиме, му се пожали пензионерка на премиерот.

На ова, како оправдување на покачените цени, Ковачевски возврати оти поскапувањата се поради војната во Украина, а потоа ги наброја сите одлуки што Владата изминатиов период ги донесе во однос на замрзнување на дел од продуктите за, како што рече, да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Tags: вербален нападВМРО-ДПМНЕКовачевскинезависна пензионерка
Next Post
Фото: Твитер

Националното собрание на Франција го призна Гладоморот за геноцид врз Украинците

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk