ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Србија и Унгарија ќе испратат покана до С. Македонијa да се приклучи кон изградба на брза железница

March 28, 2023 15:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, во Будимпешта, по разговорот со унгарскиот министер за градежништво и транспорт, Јанош Лазар, изјави дека двете земји ќе испратат покани до Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Грција и Турција за приклучување на изградба на брза железница во регионот, која прво ќе ги поврзе Будимпешта и Белград, а подоцна Ниш и Прешево, јави дописиникот на МИА од Белград.

-Разговаравме за продолжување на брзата пруга кон Ниш, а подоцна и кон македонската граница. Се договоривме заеднички да потпишеме една иницијатива и да испратиме покана до министрите за транспорт на Турција, Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Грција и да разговараме за продолжување на брзата железница кон Албанија, односно преку Северна Македонија кон Грција и преку Бугарија кон Истанбул, така што брзата железница навистина би имала смисла и ќе ги поврзе нашите две земји со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај, изјави Весиќ на новинарите по средбата со Јанош.

Весиќ посочи дека оваа иницијатива се совпаѓа со иницијативата Отворен Балкан (ОБ) и дека, кога станува збор за железничкиот сообраќај, може да биде еден вид „Отворен Балкан плус“.

-За нас е важно да се поврземе со Скопје и Тирана, Солун и Истанбул, важно е и за Унгарците, бидејќи железницата ќе се користи за превоз на стоки, а не само за патничкиот сообраќај, рече Весиќ и додаде дека пругата има логична смисла по изградбата до Прешево да продолжи кон југ.

-Верувам дека тоа е во интерес и на ЕУ, која сака европскиот континент да биде поврзан, Грција е членка на ЕУ и ние ќе влеземе во ЕУ. На последниот состанок на ОБ имаше и претставници на Турција и Унгарија, а се огласија и претставници на Грција. ОБ станува се позначајна иницијатива, а тие и другите соседни земји кои не можат да станат членки, бидејќи се веќе во ЕУ, бараат да бидат набљудувачи бидејќи гледаат потенцијал во тој процес. Ова е како ОБ плус, објасни Весиќ.

Унгарскиот министер Јанош Лазар на новинарите им рече дека Унгарија е заинтересирана за продолжување на брзата пруга јужно од Белград, во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Северна Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, да ја прошири мрежата на брзи железници и на овој начин стоката со железница значително полесно може да се транспортира во ЕУ.

Tags: Брза ЖелезницаМакедонијаСрбијаУнгарија
Next Post

Германија планира значително зголемување на воената помош за Украина

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk