ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Мора да покажеме единство, за доброто на државата и за доброто на граѓаните во оваа криза

March 29, 2023 12:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ја посетија компанијата за производство на јајца „Везе Шари”.

За време на посетата, со сопственикот на компанијата Арбен Абдурахмани разговараа за предизвиците кои ги наметна економско-енергетската криза, па затоа повеќе од потребно е да се покаже единство во донесувањето на мерки и решенија, за доброто на иднината на сите граѓани.

„Свесен за сите предизвици, наметнати од економската и енергетската криза, се залагам за солидарност и праведност, водејќи грижа во тешката криза никој да не биде изоставен сам да се справува со неа.

Во разговор со вработените во компанијата „Везе Шари”, како и со почитуваниот господин Арбен, заклучивме дека мора да покажеме единство, за доброто на државата и за доброто на граѓаните во оваа криза. Последно во низата замрзнувања на цените на основните прехранбени производи се јајцата од кокошка.

Со ова, Владата оневозможува зголемување на цената на овие производи пред велигденските празници и пред празникот Бајрам.

Изминативе денови ме гледавте со министерот Бектеши, често во обиколка на маркетите, на терен заедно со директорот на државниот пазарен инспекторат, но истовремено и сите инспектори кои се дел од ДПИ се на терен за да точно утврдат дали мерките се почитуваат од страна на сите кои се дел од пазарот и продажбата на основните прехранбени производи.

Можеме да заклучиме дека имаме редовно снабдување на целата малопродажба со сите основни прехранбени производи и дека во најголем се почитуваат мерките за ограничување на цените на основните прехранбени производи.

Вие веќе знаете дека ја замрзнавме цената на лебот, замрзнавме цена на дел од тестенините при што и ја намаливме и ја замрзнавме и намаливме цената на дел од основните производи од млечната индустрија.

За заштита на граѓаните донесовме одлука која ги обврзува малопродавачите минимум 70% од набавките кои што ги имале во текот на јануари и февруари во делот на снабдувањето со јајца од кокошка да ги имаат и во периодот кога цените се замрзнати што значи до 30 април“, порача Ковачевски.

Tags: КовачевскикризаМакедонија
Next Post

Популарните „X-Files“ може повторно да се вратат

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk