ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши и Ѓедовиќ потпишаа Меморандум за соработка во рударството и енергетиката

March 31, 2023 13:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши и министерската за рударство и енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ денеска во Белград потпишаа Меморандум за соработка во рударството и енергетиката помеѓу Северна Македонија и Србија.

Целта на овој меморандум е проширување на заедничките активности на Северна Македонија и Србија во областа на рударството и енергетиката во обострана корист.

Со Меморандумот двете држави се обрзуваат да спроведуваат активности за развој на соработка и деловни односи во областа на рударството и енергијата во согласност со националното законодавство на нивните земји и принципите на меѓусебно почитување и уважување, особено користејќи ги придобивките од меѓусебните односи кои произлегуваат од меморандумот потпишан во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ и овој меморандум.

Соработката меѓу Северна Македонија и Србија во областа на рударството ги вклучува: поттикнување на инвестициите на двете земји во областа на геолошките истражувања и експлоатација на минерални суровини и геотермални ресурси, иницирање и поттикнување на меѓусебна соработка на институциите и деловните субјекти од областа на геологијата и рударството со посебен акцент на почистите технологии и одржливиот развој, размена на информации и искуства за законските решенија од областа на геологијата и рударството како и нивната примена, координирано учество во активностите што се спроведуваат за регионална соработка и интеграција, размена на експерти и професионални искуства од областа на геологијата и рударството.

Соработката меѓу двете земји во областа на енергетиката ги вклучува поттикнување и поддршка на заедничките инвестиции од двете земји, особено за градење на капацитети за користење на обновливи извори на енергија, производство на енергија и меѓусебно поврзување на системите за гас и електрична енергија на страните, поттикнување на заедничко научно и технолошко истражување во областа на новите почисти технологии, особено оние кои се однесуваат на производството и употребата на зелен водород, размена на информации за нормите што ја регулираат областа на енергетиката, организација на заеднички семинари, конференции, тркалезни маси и форуми за обуки и развојни програми од областа на енергетиката, координирано учество во активностите што се спроведуваат за регионална соработка и интеграција, поттикнување, креирање и подобрување на деловните односи и директна соработка на развојот на конкретни проекти меѓу деловните субјекти кои ги именуваат страните од областа на енергетиката.

Tags: БектешиЃедовиќенергетикаРударство
Next Post

Ковачевски: Проектите од ЕУ кои најмалку ги сакам се за унапредување на граничната контрола, на Балканот не му требаат граници

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk