ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: „Пејзажно искуство“ на Јанкулоски и Мотевска е одговор на прашањето како преку уметноста светот да стане подобро место за живеење

March 31, 2023 10:06
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Уметникот кој не провоцира ќе остане невидлив, а уметноста која не поттикнува емоции нема никаква смисла. Верувам дека и во овие непредвидливи времиња, кога светот се соочува со војни, пандемии или други видови кризи, уметноста е таа што дава одговори на не многу пријатни прашања, што коментира, критикува, опоменува, порачува“ – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера во Чифте амам на претставувањето на мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“, кој беше национален претставник на 59.  Венециско биенале.

„Проектот „Пејзажно искуство“ е непосреден одговор од нашите етаблирани уметници Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска на постојаните промени во природата и општеството, што се печат на современото време. Тие бараат одговор на актуелните прашања за одговорноста на поединците кон планетата, кон другите луѓе и форми на живот, а овој проект е потврда дека уметноста и уметниците можат да ни укажат на проблемите и да ни помогнат да замислиме нови начини и нови бесконечни можности за светот да стане подобро место за живеење“ – рече министерката за култура.

Биеналето на уметноста во Венеција речиси 130 години е празник на културата. Оваа смотра на уметноста, истакна Костадиновска-Стојчевска, на едно место ги обединува современите уметници, поставувајќи прашања и барајќи одговори за нив, со уверување дека токму уметноста ја има моќта да го промени општеството кон подобро, да отвори нови видици и можности да се стигне до целта каде што светот ќе стане подобро место за живеење.

Костадиновска-Стојчевска изрази задоволство што Северна Македонија, преку своите уметници, архитекти, куратори, континуирано се претставува во Венеција, како на престижното Биенале на уметноста така и на Биеналето на архитектурата, и додаде дека за уметниците, тоа претставува неповторливо искуство, голем мотив, но и предизвик да дадат сѐ од себе за да се претстават на најдобар начин пред најпребирливата критичка јавност и пред многубројната публика.

Заблагодарувајќи им се на уметниците, на комесарот Дита Старова Ќерими од  Националната галерија, како и на кураторките за успешното претставување на минатогодишното Биенале во Венеција, таа додаде дека проектот „Пејзажно искуство“, како и делата на досегашните наши претставници на светските изложби, ќе останат документ за вредностите на актуелната современа македонска сцена.

„Овие вредности и во иднина ќе продолжиме да ги негуваме и да ги споделуваме со целиот свет затоа што уметноста не е само она што го гледате туку е и она што сте го постигнале за другите да го видат“ – порача министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

 

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаМоника МотескаПејзажно искуствоРоберт Јанкулоски
Next Post

Пројковска е првата жена која ќе ја дели правдата на натпревар од Првата македонска фудбалска лига

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk