ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија земја партнер на овогодинешниот саем за туризам во Ниш

March 31, 2023 11:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Задоволство е што пријателите од туристичката индустрија на Србија ја поканија Северна Македонија за земја партнер на овогодинешниот саем за туризам во Ниш. Настанов кој се одржува од 30ти март до 1ви април е можност за зајакнување на нашите партнерски односи и создавање на нови. Соработката меѓу Северна Македонија и Србија е на високо ниво, за што се надеваме дека оваа тенденција на пораст на туристичка размена ќе остане и во иднина. На македонскиот штанд кој со својата репрезентативност ги отсликува културните, природните и гастрономските разноликости, коегзибитори се општина Демир Капија и општина Гевгелија. АППТ изразува благодарност до државниот секретар при министерството за туризам на Србија, г-дин Урош Кандиќ и директорката на Туристичката организација на Ниш,г-ѓа Драгана Божиќ.

Во рамките на саемот директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и Трајан Ангелковски претседателот на ССК учествуваа на панел дискусија на тема дестинациски менаџмент во туризмот, за стручното туристичко-угостителско образование, хотелиерството, со еминентни регионални експерти од полето.

Meѓународниот саем за туризам во Ниш е место каде македонските мали семејни винарии имаа презентација во соработка со ИМЕ- Increasing Market Employability Programme. Македонските семејни винарии ширум ги отвараат вратите за сите посетители кои сакаат да вкусат врвно вино и одлична храна за сите сетила!

Нови форми и нови кадри во туризмот се потребни за да се следи чекорот со светските трендови, неопходно е и освежување на дестинацијата со нови содржини, кои нема да го исклучат традиционалниот момент и ено-гастро концептот. Следејќи ги светските трендови Владата на Северна Македонија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот преку меѓуграничните проектите кои се во фаза на реализација и нови предвидени проекти дејствуваат во создавање услови за унапредување на туристичкиот производ и значително збогатување на понудата и туристичките содржини во регионот.

Успешните промотивни активности на Агенцијата за туризам на туристичкиот пазар во Србија, фокусирани на алтернативните форми на туристичка понуда во овој период како викенд пакети за српските туристи, позитивно се одразија на зголемување на број на туристи, кој во последниве неколку години изнесува повеќе од 45%. Вкупниот број на српски туристи е 63834 за 2022 година, што го надминува бројот на посети од одличната 2019 г. Се радуваме на новата авио линија Охрид-Белград која ќе овозможи дополнителна туристичка размена и патување до дестинациите.

Со оглед на тоа дека бројот на туристи меѓу двете земји од година во година расте, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе продолжи и понатаму да ја дава потребната поддршка и размена на искуства со туристичкиот сектор од Србија. Новина е тоа деќа ќе организираме Б2Б настан за тур оператори во Скопје на 20ти април и информативни патувања за новинари и инфлуенсери, во соработка со Туристичката организација на Србија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Нишсаем за туризамСеверна Македонија
Next Post

Османи: Историски ден за Алијансата – Честитки за Финска и за сите НАТО сојузници!

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk