ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дерманин: Во насилните протести во Франција повредени над 1.000 полицајци и пожарникари

April 2, 2023 19:07
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманин за локалните медиуми денеска изјави дека во насилните протести низ земјата досега се повредени над 1.000 полицајци.

Франција е зафатена со серија штрајкови и протести откако претседателот Емануел Макрон и владата ги истуркаа плановите за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Дерманин за францускиот весник „Журнал де диманш“ (JDD) изјави дека од избувнувањето на протестите во март досега се повредени 1.093 полицајци и пожарникари.

Покрај тоа, имало 2.579 вооружени инциденти и 316 напади на јавни згради, изјави министерот за весникот.

Тој не даде информации за повредени граѓани, но рече дека 36 полицајци се под истрага поради сомневање за прекумерна употреба на сила.

Дарманин ги отфрли обвинувањата дека полицајците биле агресивни кон граѓаните и дека употребиле непропорционална сила.

-Правото на протест не го вклучува правото на насилство, рече тој и додаде дека „полицијата мораше да интервенира кога инаку мирните протести станаа насилни“.

Дарманин кажа и дека полицијата може легитимно да покаже сила и, како што рече, понекогаш да постапува грубо, но со тоа одговара на крајно насилните напади од професионални криминалци, чија цел е уништување имот и убивање на полицајци.

Протестите, што на почетокот неколку недели беа мирни, од 16 март станаа насилни, денот кога владата ја протурка контроверзната реформа без гласање во парламентот, а  Уставниот совет се уште ја разгледува реформата.

Синдикатите во четвртокот повикаа на 10-от национален ден на штрајкови и протести, иако владата не покажува знаци на повлекување. Меѓутоа, штрајковите и натаму сериозно го нарушуваат јавниот живот.

Извор: МИА

Tags: 1.000 полицајциДерманиннасилни протестиФранција
Next Post
Фото: Влада.мк

Во изминатото деноноќие произведени се 13.151 MWh електрична енергија

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk