ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Растенијата „врескаат“ гласно, едноставно луѓето досега немале механизам да ги слушнат

April 2, 2023 16:15
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Фото: The New Yorker

Фото: The New Yorker

Се чини дека Роалд Дал имал сериозни сознанија штом во својата кратка приказна „Звучната машина“ пишувал за љубопитниот изумител кој создава уред што може да го слушне крикот на растенијата. Додека го тестира уредот на разни цвеќиња и дрвја, изумителот открива застрашувачка тајна што ја разнишува неговата перцепција за природниот свет.

Оваа појава  иако не е доволно истражена, денес има научна поткрепа, но треба се напомене дека се работи за сосема поинакво врескање од човековото. Растенијата испуштаат звуци во вид на пукање или кликање, во ултразвучни фреквенции надвор од опсегот на човечкиот слух, кои се зголемуваат кога растението е под стрес. Ова, според научниците, би можело да биде еден од начините на кои растенијата ја соопштуваат својата неволја на околниот свет.

 Дури и кога на полето владее тишина, пронижуваат звуци што не ги слушаме, а тие звуци носат информации. Има животни кои можат да ги слушнат овие звуци, оттука, голема е веројатноста на тоа место да постои голема акустична интеракција, објаснува еволуционерниот биолог Лилах Хадани од Универзитетот во Тел Авив во Израел.

Растенијата се во постојана комуникација со инсекти и други животни, а многу од овие организми користат звук за комуникација, така што би било прилично неоптимално доколку растенијата воопшто не би користеле звук.

Растенијата под стрес не се толку пасивни како што замислувате. Тие претрпуваат драматични промени, од кои една од најзабележливите (барем за нас луѓето) е ослободувањето на некои значително моќни ароми.  Тие исто така можат да ја променат нивната боја и форма.

Овие промени имаат за цел да ја сигнализираат опасноста која ги демне другите растенија во околината, кои како одговор на тоа, веднаш ја зајакнуваат одбраната, но и да привлечат животни кои би се справиле со штетниците кои може да му наштетат на растението.

Сепак, дали растенијата испуштаат други видови на сигнали – како звуци – не е целосно истражено. Пред неколку години, Хадани и нејзините колеги открија дека растенијата можат да детектираат звук. Следно прашање што требаше да се постави беше дали и тие можат да го произведат.

За да откријат, научниците снимиле растенија од домати и тутун во повеќе услови.  Прво, снимиле растенија кои не се под стрес, за да добијат основна линија.  Потоа снимиле растенија кои биле дехидрирани и растенија на кои им биле исечени стеблата.

Следниот чекор бил да се обучи алгоритам за машинско учење за да се направи разлика помеѓу звукот произведен од растенија кои не биле под стрес, исечените растенија и дехидрираните растенија.

Звуците што ги испуштале растенијата се звуци во вид на пукање или кликање, на фреквенција којашто е превисока за човечкото уво, што може само да се забележи во радиус од над еден метар (3,3 стапки).  Растенија кои не биле под стрес не правеле голема бучава;  тие само се дружеле и тивко си ја вршеле својата работа.

Од друга страна, растенијата под стрес се многу побучни, емитувајќи во просек до околу 40 кликања на час во зависност од видот. И дехидрираните растенија имаат забележлив звук.  Тие почнуваат да кликнуваат пред да покажат видливи знаци на дехидрација.

Но, и покрај тоа, сè уште има непознатост.  На пример, не е јасно како се произведуваат звуците.

Сè уште не знаеме дали и други состојби на вознемиреност можат да резултираат со звук.

Исто така, не е јасно дали производството на звук е адаптивен развој кај растенијата или дали тоа е само нешто што се случува.

Сега кога знаеме дека растенијата испуштаат звуци, следното прашање е – „кој слуша?“, вели Хадани.  „Во моментов ги истражуваме одговорите на другите организми, како животни, така и растенија, по овие звуци, а исто така ја истражуваме нашата способност да ги идентификуваме и интерпретираме звуците во сосема природни средини.

Подготви: Марта Пешевска

Извор: Science Alert

Tags: растенија
Next Post

Османи утре на министерски состанок за Западен Балкан во Италија

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk