ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бекетши: Убеден сум дека трговците целосно ќе ги почитуваат мерките за овошје и зеленчук

April 3, 2023 15:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Маркет. Фото: Фронтлајн

Маркет. Фото: Фронтлајн

 Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека нашите трговци ќе ги почитуваат целосно мерките за овошје и зеленчук.

Бектеши истакна дека инспекторатите во нашата држава согласно законот се независни и тие директно даваат извештаи на Владата, затоа што, како што рече, „на седница на Владата, сме ги задолжиле сите инспекциски служби во нашата држава да направат засилени контроли, согласно нивните надлежности“.

– Координирано ќе биде постапено од страна и на инспекторатите, вклучувајќи ја тука и Комисијата за заштита на конкуренцијата. Но, јас мислам и убеден сум дека нашите трговци ќе ги почитуваат целосно мерките и имаме искуство од последните две-три недели, дека над 90 отсто се почитуваат, посебно во големите супермаркети, заради тоа што се зборува за мерка што важи 25 дена, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање, како ќе се контролира почитувањето на мерката.

Во однос на времетраењето од 25 дена на мерката, Бектеши појасни дека тоа е така, заради тоа што речиси целосно сме зависни од увозот.

– Немаме наше домашно производство, и речиси целосно сме зависни од увозот. Посебно од Грција и од Албанија за повеќето од производите и секако дека не треба да оставиме простор да има такви маржи било тоа и една недела, а не пак да биде месец и пол или два месеца. А, од крајот на април, почетокот на мај, веќе ќе почнат да се пласираат нашите домашни производи, рече Бектеши.

На заедничката прес-конференција на Бектеши со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, се постави прашањето како ќе бидат контролирани зелените пазари, „имајќи предвид дека најголем дел овошје и зеленчук се продаваат таму“, на што Трајковски појасни дека Државниот пазарен инспекторат, по донесување и на најновата одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, ќе настапи координирано и со другите институции како што се УЈП и МВР и заеднички во координирани акции ќе ги вршат овие надзори и на пазарите.

– Со сите други институции што се надлежни. Доколку немаат регистрирано дејност, значи си има санкција по закон за оној што врши дејност, а не е регистриран, подвлече тој.

Прашан како ќе се контролира цената по класа на производи, за да се избегне „да плаќаме за прва, но да добиеме втора или трета класа производи“, Бектеши, рече дека тоа во детали треба да го објасни Министерството за земјоделие или Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Но, овие одлуки се донесени во целосна согласност и со поддршка од страна на Министерството за земјоделие. Наша обврска, како Министерство за економија, беше да направиме анализи во делот на колку било просечно како цена во тек на март, колку се увезни цени, во делот на маржите, дали се почитуваат одредени маржи или пак не, во делот на квалитетот на овошје и зеленчук обратете се во Министерството за земјоделие или пак во Агенцијата за храна и ветеринарство. Јас сум убеден дека кога ќе се пласираат нашите домашни производи, овие цени речиси за 30, 40 отсто ќе бидат уште пониски од тоа што ние сме ги определиле сега, на денешен ден, дециден беше министерот.

Владата денеска ја донесе одлуката со која се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зелечук. Одлуката, со која се опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, ќе важи од 5 април до крајот на месецов.

Како што соопшти министерот, свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот 55 денари.

Tags: зеленчукКрешник Бектешиовошјетрговцицени
Next Post

Маричиќ до Петрушевска: Да се извинам јас на ВМРО-ДПМНЕ? Вие треба да се извините и како партија и како пратеник

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk