Од 12 до 23 јуни НАТО ќе ја организира најголемата воздухопловна воена вежба „Air Defender 2023“ во која ќе учествуваат 22 земји со повеќе од 200 авиони од 23 различни типови. Околу 100 авиони ќе дојдат од САД, а се очекува да учествуваат околу 10.000 војници, пренесува БГНЕС.
Според веб-страницата на алијансата, вежбата ќе биде сеопфатен „чадор“ за координација и усогласување на вежбата на германската мултинационална воздушна група (MAGEKS) 2023 година со потенцијалниот придонес од САД и други членки НАТО.
Целта е да се подобри интероперабилноста, да се понуди можност за обука во европскиот воздушен простор и да се демонстрира флексибилноста и решителноста на НАТО да ја зајакне целокупната позиција на одвраќање во воздушниот домен во согласност со Концептот на НАТО за одвраќање и одбрана на Евро-атлантската област (DDA).
Маневрите ќе се одржат во Германија, а земји-учеснички се Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Франција, Италија, Јапонија, Латвија, Литванија, Луксембург, Норвешка, Полска, Романија, Шведска, Словачка, Шпанија, Чешка, Турција, Унгарија, САД и Велика Британија.
Подготви: Ј. Ѓ.