ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

„Лицата на Франкофонијата“ поставена во излогот на Францускиот институт

April 5, 2023 13:39
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот институт во Скопје соопшти дека инсталацијата „Лицата на Франкофонијата” на уметникот Давор Кешќец, поставена во излогот на Францускиот институт, ќе биде отворена и во текот на месец април.

Оваа поставка беше изработена специјално по повод одбележувањето на Франкофонијата, а во склоп на бројните активности со кои се одбележа месецот на Франкофонијата.

Младиот и талентиран уметник Давор Кешќец е роден во 1997 година, во Скопје. По средното образование во ДСУЛУД “Лазар Личеноски”- Скопје, тој продолжува со студии на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, а во 2020 дипломира на одделот за графика.
Истата година станува и член на Член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Во 2019 година, тој ја добива наградата Young Art, во категорија сликарство за возрасна група од 21 до 29 години.

Кешќец, којшто е препознатлив по неговиот уникатен попарт стил и посебноста во уметничкиот израз, има изработено и неколку мурали. Има реализирано учества во најразлични проекти, како изработки на илустрации за веб апликација, изработка на дизајн за промотивни материјали и каталози, како и дизајн за автобуси.

Тој досега има реализирано повеќе групни изложби и неколку самостојни, како изложбата Once again во март 2022 во НУ центар за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово, а потоа, во април 2022, со истата поставка се претставува пред скопската публика во КИЦ – Скопје.

Инсталацијата „Лицата на Франкофонијата” беше инспирирана токму од принципите на Франкофонијата: францускиот јазик како заедничка нишка на сите земји членки на меѓународната организација на Франнкофонијата, потоа почитта на мирот, демократијата и човековите права, и на културниот и јазичниот диверзитет.

Инсталацијата се состои од 8 ликови, изразени низ специфичниот колоритетот којшто го користи уметникот за да ја изрази димензијата на Франкофонијата како процес во сите сфери на делување, меѓу кои и културата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Лицата на Франкофонијата“Француски институт

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk