Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Полска, соопшти кабинетот на полскиот претседател.
Посетата, која оваа недела ја најави Полска, но не беше официјално потврдена од Киев, доаѓа во време кога Украина планира да почне контраофанзива во наредните недели или месеци за да ја врати окупираната територија од Русија во источниот и јужниот дел.
Помошникот на полскиот претседател Марсин Псидач за приватната телевизија ТВН24 потврди дека Зеленски пристигнал во Полска. Вчера тој најави дека посетата „треба да се сфати како знак на доверба и благодарност кон Полска и Полјаците“.
Зеленски во Варшава ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки и ќе разговара со украинските бегалци и претставници на полската јавност.
– Нема да биде изненадување што украинската страна бара поголема поддршка од Полска и другите странски партнери, но мора да бидеме свесни дека Полска веќе направи многу, рече Псидач.
Полска прими и повеќе од милион украински бегалци откако Русија ја нападна Украина пред 13 месеци.