ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Експертите за ЦИВИЛ Медиа: Дали историјата на Косово се пишува или препишува со Специјалниот суд во Хаг

April 6, 2023 17:41
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе трет ден се одржува судскиот процес против четворицата поранешни лидери на ОВК во Специјалниот суд во Хаг, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими.

Вршителот на должноста специјален обвинител на случајот, Алекс Вајтинг, во читањето на обвиненијата против четворицата обвинети, рече дека биле убиени повеќе од 100 луѓе.

Обвиненијата што ги прочита обвинителството, се поврзани со воени злосторства, злосторства против човештвото, поточно обвинувања за незаконски апсења, тортура, убиства, исчезнување на лица.

„Никој не е над законот“, рече Вајтинг.

Обвинителството истакна дека не се работи за судски процес против Ослободителната војска на Косово и нејзините активности, и инсистира на тоа дека станува збор за судски процес против четири лица, кои дури и во време на војна отишле над законот, злоупотребувајќи и доведувајќи до овие кривични дела. Во соопштението на обвинителството беше нагласено дека има документи и сведоци кои се раширени географски, од север кон југ, од исток кон запад и во делови од северна Албанија.

Поранешните високи лидери на ОВК по читањето на обвинението повторно се изјаснија за невини. Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи ги отфрли обвинувањата. Тој пред Специјалниот суд во Хаг рече „дека е невин“. А Кадри Весели рече дека е разочаран од неправедното судење кое трае повеќе од две години, додека Јакуп Красниќи нагласи и неколку пати повтори дека нема никаква врска со ниту едно од наведените обвиненија.

Кабаши: Обвинувањата на ОВК преку доктрината „Заедничко криминално здружување“

Фото: Беким Кабаши од ФБ профил

ЦИВИЛ Медиа разговараше со косовскиот интелектуалец и политички коментатор Беким Кабаши за последните случувања за судењето на поранешните водачи на ОВК, кој рече дека обвинението поднесено во април 2020 година е обид да се препише историјата на борбата на народот на Косово за слобода и историјата на државата Косова.

„Точката 35 од обвинението ги прикажува како членови на ‘Заедничкото криминално здружување’ речиси сите политички и воени лидери на ОВК – од Генералштабот, команданти и заменици команданти на области, бригадни, единици, се до обични војници и други кои дејствувале во име на ОВК. Обвинението на ОВК се смета за обид да се препише историјата на борбата на народот на Косово за слобода и историјата на државата Косово“, рече Кабаши.

Отстапување од првичната идеја

Специјалниот суд отстапи од првичната идеја за неговото формирање, која потекнува од Извештајот на швајцарскиот сенатор Дик Марти – кој тој го објави во 2010 година и ги обвини припадниците на ОВК за трговија со органи. Повеќегодишните истраги за наводите за трговија со органи на Дик Марти не покажа ништо. Тие не беа опфатени во обвинението што Специјалниот суд го поднесе против водачите на ОВК. Но, тие десет години му тежеа на Косово и му го нарушуваа имиџот – внатрешно и надворешно, рече меѓудругото Кабаши.

ФОТО. Газмир Раци од ФБ профил

И Газмир Раци, советник на Едита Тахири, поранешна вицепремиерка и лидерка на косовскиот тим во техничките разговори со Србија, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека во ова судење тврдењата на Дик Марти се отфрлени затоа што не се опфатени во обвинението.

„Нашата борба за слобода беше и останува света. Светот знае кој беше агресор, а кој жртва во војната во Косово во 1999 година. Тврдењата на Дик Марти исто така паднаа затоа што обвинението покренато против поранешниот претседател Тачи и другите во ниту еден момент не се однесува на таа фикција спонзорирана од Русија и Србија„

Што е Специјалниот суд за Косово?

Специјалниот суд за воени злосторства на Косово е формиран во август 2015 година со одлука на Собранието на Косово. Во моментот на неговото формирање беше одлучено седиштето на Судот да се пресели во Хаг со образложение дека „сведоците може да се чувствуваат загрозени доколку судењата се одржат на Косово“. Судските трошоци ги плаќа ЕУ. Официјалниот назив на овој суд е „Специјалните оддели и специјалното обвинителство на Косово”. Шеф на одделите е Екатерина Трендафилова, шеф на специјалното обвинителство е Алекс Вајтинг. Судот има и одбранбена единица која обезбедува заштита за сведоците.

Зошто е формиран овој суд?

Идејата за формирање на Специјалниот суд дојде откако Советот на Европа усвои резолуција со која се повикува Косово да ги истражи наводите на швајцарскиот европратеник Дик Марти, кој во својот извештај одобрен од ЕК ги обвини членовите и лидерите на ОВК за војни злосторства и трговија со органи. Овој извештај беше поднесен и одобрен од ЕК во 2010 година. Наводите за трговија со органи сè уште не се докажани. Тие не се ниту дел од сегашното обвинение.

Специјалниот суд е основан од Собранието на Косово и не е поврзан со поранешниот Меѓународен трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија.

Од формирањето на Специјалниот суд, и други лица обвинети за воени злосторства се испратени во Хаг. Досега само поранешниот регионален командант на ОВК, Салих Мустафа, е осуден за воени злосторства. Тој е осуден на 26 години затвор.

Првите проценки велат дека процесот против Тачи, Весели, Красниќи и Селими ќе трае со години. Од обвинителството велат дека само ним ќе им требаат некаде околу две години да ги изнесат своите докази и сведоци.

Тачи, Весели, Красниќи и Селими беа испратени во Хаг пред повеќе од две години. Тие велат дека отишле во Хаг „да ја докажат својата лична невиност и да ги отстранат дамките од праведната војна на ОВК“.

Назми Абдурахмани / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Косовоспецијален судХашим Тачи

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk