ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Процесот на уставни измени е внатрешно прашање на Северна Македонија

April 6, 2023 16:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на уставни измени е внатрешно прашања на Република Северна Македонија, што е и обврска поврзана со пристапните преговори со Европската Унија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата посветена на годишниот извештај на работата на АД ЕСМ. 

-За барањето на Бугарија во однос на нивното учество веќе се произнесе министерот за надворешни работи и јас целосно се согласувам со неговата изјава. Тоа е дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Северна Македонија, што е обврска поврзана и со пристапните преговори со ЕУ, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи дека станува збор на одлука, која е исклучиво во надлежност на Министерството за правда, на политичките партии и на Собранието.  

-Не постои ниту можност, ниту политичка волја, ниту начин кој било друг однадвор да биде вклучен во овој процес, истакна Ковачевски. 

Во однос на изјавата на бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков за вклучување на Бугарија во процесот, Ковачевски рече дека можеби таа изјава не е дадена во вистински контекст. 

-Меѓутоа сите заинтересирани страни ќе можат да го следат тој процес преку медиумите, бидејќи и медиумите ќе бидат вклучени во самиот процес, кој како што кажав ќе започне во стручната комисија во Министерството за правда, во која што ќе бидат повикани експерти, додаде Ковачевски.  

Премиерот потсети дека веќе и политичките партии се повикани да делегираат свои претставници и потоа ќе се оди на расправа пред нивните организации, бизнис заедницата, медиумите и преку вас ќе може сите да се информираат. Уште еднаш потенцира дека одлучувањето  е исклучиво во надлежност на институции на Северна Македонија.

Tags: Димитар Ковачевскиуставни измени
Next Post

Бектеши за „Огнените“: ДУИ е демократска партија, а одлуките на мнозинството ги пренесоа претседателот и портпаролот на партијата

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп: Би се сретнал со Ким Џонг Ун ако сака, можеби би ја продолжил турнејата

October 27, 2025

Одложени над 8.000 летови во САД поради буџетската блокада

October 27, 2025
Скриншот

Започнува судењето за онлајн вознемирување на Брижит Макрон

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk