ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Функционалните хеликоптери кои и се потребни на Армијата се задржани, ги дониравме тие за кои Генералштабот процени дека не ни се потребни

April 6, 2023 22:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчера гостуваше во емисијата „Таргет“  на ТВ Шења, каде разговараше на повеќе теми, меѓу кои и донациите на хеликоптери, борбената готовност и растот на буџетот за одбраната.

На прашањето дали донациите за поддршка на Украина со воена опрема влијаат на борбената готовност на Армијата, Петровска одговори дека истите апсолутно не влијаат и не ја нарушуваат борбената готовност на Армијата.

„Доколку тоа беше така јас сигурно немаше да ги предложам тие одлуки, ниту пак, убедена сум, Генералштабот на Армијата ќе дадеше позитивно мислење. Затоа што пред сè и над сè, без разлика на мојата политичка волја да помогнеме, ако Генералштабот на Армијата дадеше негативно мислење верувајте дека и јас немаше да предложам било каква одлука до Владата“, истакна Петровска.

Говорејќи за оние хеликоптери кои се предмет на донација, Петровска потенцираше дека истите се комплетно нефункционални веќе подолго време, а причината за нивната нефункционалност е немањето на резервни делови кои се од руско производство, состојба која се провлекувала години наназад.

„Ние правиме согласно нашите планови, национални, за развој на одбранбените способности, преминуваме од таа источна или застарена платформа, на нова, модерна, западна платформа. Старите хеликоптери, произведени во `84-та година, ги заменуваме со нови хеликоптери. И повторно ќе кажам – тие и претходно не беа во функција. Оние кои се во функција и ѝ се потребни на Армијата – тие се задржани и се дел од воздухопловството на Армијата. Тие се разбира дека немаме намера да ги отуѓиме се додека не стигнат новите, односно не започне набавката, не стигнат новите, и бидат ставени во употреба. Заради тоа што не е само да го имате оружјето или опремата или во случајот хеликоптерите, тие треба да бидат ставени во употреба низ процедура којашто е многу јасно пропишана во Армијата што значи дека персоналот треба да биде соодветно обучен, да поминат определен број на часови на летање конкретно за воздухопловите, па дури потоа тоа се донесува одлука дека тие стапуваат во употреба. Тогаш, може да носиме дополнителни одлуки за тоа што ќе се случува со оние хеликоптери кои сега се во употреба и ги користиме“, потенцираше Петровска.

Таа рече дека и растот на буџетот, особено растот на процентот од буџетот наменет за модернизација, покажува дека донациите не нанесуваат никаква штета на опременоста на Армијата.

 „Тоа ќе беше случај ако изминатите години, пред јас да станам министерка, во Армијата не беа правени вложувања. Напротив. Процентот на раст на буџетот на одбраната, особено од 2019 година наваму, говори за сосема нешто друго. Говори дека се надополнува сиот оној изминат период од десетина години кога во Армијата многу малку се инвестирало, не само во вооружување и во опрема туку и во човечките ресурси, дека тој сега значително со забрзани чекори се подобрува и зголемува. Оваа година над 33% од буџетот за одбраната оди во модернизација и опремување на Армијата“, подвлече Петровска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: армијаСлавјанка Петровска

НАЈНОВО

За туристите во Албанија ставени во функција 36 летни здравствени амбуланти

June 3, 2025

Објавени добитниците на грантови за граѓанските организации во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците

June 3, 2025
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО. Генерирана со ВИ

    Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УКИМ отпадна од листата 2.000 најдобри универзитети во светот според CWUR

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk