Шефот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, денеска призна дека неговите луѓе сè уште трпат загуби во борбите во Украина.
Пригожин тоа го изјави за време на посета на едни гробишта.
На видеото што го објави неговата прес-служба на Телеграм, Пригожим може да се види како стои пред неколку десетици гробови на кои се положени венци со цвеќиња.
Руските власти даваат малку информации за загубите што ги претрпеа во Украина од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.
Последниот официјален извештај на Министерството за одбрана во Москва датира од септември 2022 година и во него стои дека има 5.937 загинати војници.
Бројката не ги вклучува платениците на Вагнер, кои официјално не се дел од војската.